„Нашата земја брилијантно ја изврши едногодишната задача на ОБСЕ. Ова го истакнаа гостите, додека ние ќе продолжиме со старото, – многу народни пари потрошивме, а не леевме солзи за нашите маки и грижи. Пред, за време и по завршувањето на Министерскиот совет се чувствував како да сум дел од едно општество за сите, еден Албанец ме направи горд Македонец. Ти благодарам, Бујар!’ – напиша Атанас Костовски“. Оваа објава на поранешниот македонски ТВ коментатор и спортски новинар ја пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА под наслов „Еден Албанец ме направи горд Македонец“.
ИНА ја пренесува објавата на Костовски: „Нашиот министер за надворешни работи конечно спиеше неколку ноќи во мир. Низ немирните бранови на светските води бродот на ОБСЕ под македонско знаме успеа да се вкотви во Ла Валета, главниот град на Малта , со сите 57 патници и платен екипаж во наредните девет месеци. Од нашето Скопје, за жал за оние, кои продолжуваат да зборуваат дека убиствата и бомбардирањата не се ‘војна’, сите патници ‘со консензус’ го продолжија патувањето кон Ла Валета.“
„Ви честитам, министре за едногодишното раководење со ОБСЕ, честитки до целата екипа на Министерството за надворешни работи, до нашата Влада, до скопјани, кои ги прифатија сите препораки за време на Министерскиот совет на ОБСЕ. Последното ракоплескање во салата ‘Борис Трајковски’, приспособена на светско рамниште за потребите на самитот, докажа дека нашата Македонија совршено го реализира едногодишниот мандат на претседавање со ОБСЕ.“





