„По потпишувањето на договорите во рамките на иницијативата ‘Отворен Балкан’, на прес-конференција се појавија албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев. Александар Вучиќ кажа дека е многу среќен поради потпишаните договори: ‘Ова е круна на на работењето во текот на две и пол години. Кога дојдов во Албанија видов дека му се спротивставија на премиерот Рама за ‘Отворениот Балкан’. Мислејќи на ‘Отворениот Балкан’, Вучиќ додаде: ‘За оние кои велат дека сакам поголема Србија, или оти тука се работи за голема Албанија, велам дека нема врска ниту со едното ниту со другото.“ – јави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ дополнува: „Вучиќ им упати повик и на Косово, Црна Гора и Босна да станат дел од оваа иницијатива. ‘Доаѓајќи во Тирана денес, сакам да ви посакам добредојде во Србија, да ја видите Србија како втор дом, бидејќи и ние сакаме така да се чувствуваме кога ќе дојдеме во Тирана или Скопје. Ја нагласуваме уште еднаш поканата до нашите колеги во Косово, Црна Гора и Босна, бидејќи она што сакаме да го направиме е и тие да станат дел од нас во оваа иницијатива.’ – рече Вучиќ на оваа прес-конференција.“
Home Македонија „Ин7“: Вучиќ откако беа потпишани договорите од „Отворениот Балкан“: „Албанците и Србите...





