Утрово во Скопје, на 42-годишна возраст по кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Томиќ над две децении беше дел од македонската медиумска сцена.
До 2018 година работеше во редакцијата на Канал 5 како уредник во информативната редакција.
Покрај уредник на вестите неговата новинарска кариера беше посветена на следење на настани од надворешната политика, при што остави значаен печат во известувањето.
Колегите и пријателите ќе го паметат како одличен новинар и професионалец но и како голем другар.
Expres.mk изразува најдлабоко сочувство до семејството Томиќ.





