IN MEMORIAM: Почина македонскиот амбасадор преку кој се кршеа копјата со Белград и Софија

Во Скопје почина амбасадорот Александар Василевски, доајен на македонската дипломатија.



Во својата долга дипломатска кариера извршувал дипломатски мисии, меѓу другите и во Белград, Софија и Подгорица.

Дипломатот од кариера Василевски е човек кој во два наврати од неговите мисии се соочи со жесток притисок од земјите домаќини каде што беше амбасадор на Македонија.

Во 2008 година беше протеран од Белград поради македонското признавање на Косово по што со одлука на тогашната српска валда мораше да се врати во Скопје.

Српските власти тогаш велеа дека мерката била применета затоа што Македонија го признаа Косово само ден откако Обединетите нации одобрија иницијативата на Белград за испитување на правната основа на косовската независност. Во истовреме, српската влада реши да ги врати своите амбасадори во сите земји од кои беа отповикани по нивната одлука да го признаат Косово.

Подоцна Василевски замина за амбасадор во Бугарија каде што исто така беше под силен притисок за случајот со струмичанката Спаска Митрова за која официјална Софија тврдеше дека како Бугарка и се нарушуваат правата од страна на Македонија.