IN MEMORIAM: Замина еден од последните симболи на Југославија

Легендарниот босански и југословенски писател и сценарист Абдулах Сидран почина во вчера, сабота, во Сараево на 80-годишна возраст по тешко боледување, објавија локалните медиуми.



Покрај неговата литературна работа, Сидран е познат и како сценарист на некои култни филмови од времето на Југославија како „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ и „Татко на службен пат“ кои ги режираше Емир Кустурица како и ,,Кудуз”.

Неговиот писателски опус, започнат во 60-тите години на минатиот век, го одбележаа делата „Искупување на суровата кожа“ и стихозбирките „Морија“, „Сараевска збирка“, „Сараевски табут“, „Солзите на мајките од Сребреница“. “, „Планета Сараево“ и „Зошто тоне Венеција“.