In Memoriam: Замина претседателката на Еврејската заедница во Македонија

На 72 годишна возраст во Скопје почина д-р Берта Романо Николиќ, информира Еврејската заедница во Македонија.



Романо Николиќ беше активен член на Еврејската заедница во Македонија, член на повеќе управни одбори и претседател на заедницата во два мандата (2014- 2022).

Со своето знаење и максимален труд, континуирано придонесуваше за негување на традицијата и културата на Евреите во Македонија, како и зачувување на споменот на жртвите од холокаустот.

Нејзините заложби за афирмација на Еврејската заедница во Македонија, на домашен и меѓународен план вечно ќе бидат забележани и запаметени.

Ќе ја паметиме како љубезна, посветена, внимателна, чесна и праведна личност, објави Фондот на холокаустот со пораката:
Baruch Daayan Haemet.