Франц Бекенбауер, еден од најдобрите на светот и најдобриот фудбалер во историјата на Германија, почина денеска на 78-години.
Фудбалската легенда починал како последица на Алцхајмерова болест која значително се влошила во јули оваа година кога тој не можел да се појави на церемонијата јубилеј
33 години од германската титула светски првак.
Матичен тим на Бекенбауер Баерн од Минхен, каде за 13 години одиграл повеќе 400 натпревари и освои титули во сите светски и национални натпреварувања.
Тој е еден од малкуминатс кој како активен фудбалер го освои Светското првенство во 1974 година, а потоа и како селектор (1990).
Во два наврати (1972 и 1976 година) ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во Европа а со Баерн три пати победи во Лигата на шампионите.
Пред крајот на кариерата во 1977 игра во Америка во клубот Космос од Њујорк за во 1980 година да се врати во Германија во екипата на Хамбургер од Хамбург и да стане шампион на Германија во 1982 година.
Тренерската кариера му траела од 1984 до 1990 година по пауза од 4 години до 2009 година Бекенбауер беше претседател на Баерн.
Бекенбауер играше на позиција последен везен играч а во своите 103 натпревари за Германија дал 14 голови.






