IN MEMORIAM: Последен поздрав за советник на тројца премиери на СДСМ

На 41-годишна возраст, вчера во Скопје почина владиниот советник за дигитални комуникации и општествен активист за демократија, Илија Жупаноски.



Жупаноски беше советник за дигитални комуникации на премиерите Зоран Заев, Оливер Спасовски (ТЕХНИЧКИ) и Димитар Ковачевски и имаше ангажман во трансформацијата на дигиталните комуникации на Владата од 2017 година наваму.

„Сочувство со семејството, роднините и пријателите на прерано починатот Илија Жупаноски. Илија беше општествен активист за демократија, борец против дезинформации, владин советник за дигитални комуникации кој даде огромен и суштински придонес во демократизација на комуникациите, дигиталната отченост и транспарентност на Владата предводена од СДСМ. Слава му. Нека почива во мир“, напишаа од СДСМ во последниот поздрав до Жупановски.