In Memoriam: Почина најстариот Македонец на седмиот континент

Денес во Мелбурн на 102 години починал најстариот македонец во Австралија – Тодор Јовановски, татко на десет деца и многу внуци и правнуци.



Јовановски е роден е на 20 јануари 1920 во Средно Егри – Битолско.

,,Учествувал во многу војски во својот живот.

Во Австралија се доселил на крајот 1968 година во Мелбурн.

До својата 100 година од својот живот возеше точак и беше многу фит човек, редовно правеше фискултура.

И се гордееше на себе дека јадеше органска храна од својата градина кој сам ја одгледувал.

Имаше свој автомобил и возеше до својата 101 година што е за пофалба.

Исто беше љубител на песната и голема утеха за него беше музиката.

Ретко на кого тоа му се случило ама на Тодор и до ден денес сите деца му се живи.
За својот 100ти роденден се возеше со хеликоптер.

По карактер беше позитивен и сакаше да се дружи со љуѓе и ретко кога ќе сретнете човек а да не си попраеше муабет.
Често беше свеж и весел човек.

Нека почива во мир”, пишува во информацијата објавена од негови блиски.