Почина Владо Транталовски, близок соработник на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и еден од основачите на партијата.
Транталовски се смета за еден од главните организатори и водечка сила при формирање на партијата.
Пред регистрацијата на ВМРО-ДПМНЕ во неговата семејна куќа во Ресен се одржувале низа состаноци на кои биле договарани конкретните чекори за формирање на партијата.
Подоцна, по барање на Драган Богдановски заминува во Минхен каде на 31 мај, 01 и 02 јуни 1990 се одржува состанок за официјално формирање на ВМРО-ДПМНЕ.
На формалното барање за регистрација на партијата во име на неговото семејство е потпишана неговата ќерка Дијана Транталовска.






