Денеска во Скопје почина Кирил Андоновски еден од најистакнатите членови на ВМРО-ДПМНЕ од основањето на партијата.
Андоновски беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, секретар на Правната комисија и на Судот на честа на ВМРО-ДПМНЕ. Бил член на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Законодавно-правната комисија при Собранието на РМ.
Андоновски бил претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Бил делегат во Соборот на здружениот труд на Собранието на СРМ во мандатниот период од 1986 до 1990 година.
Андоновски е роден во 1937 година во с. Долно Меличани, Дебарско.
Завршил Правен факултет. Бил професор во средно училиште, работел како началник на стручната служба на Собранието на општина Чаир, Скопје. Бил член на Извршниот одбор на Собранието на Град Скопје.






