IN MEMORIAM: Пред Велигден замина продуцентот кој го направи аранжманот за антологиската ,,На Велигден сум се заљубил”

Еден ден пред Велигден во вечноста замина продуцентот кој го направи аранжманот за антологиската ,,На Велигден сум се заљубил” а песната е снимена во неговото музичко студио.



Истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов починал денеска на 63 годишна возраст.

Поп-Симонов својата музичка кариера ја започнал во 1980-тите, како еден од основачите и гитарист на култната скопска рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок бендот „Асторија“.

Поп Симонов остави силен белег на македонската музика во периодот на 1990-тите, кога соработуваше со речиси сите позначајни имиња од поп, рок, како и од фолк сцената во земјава и изведувачи од регионот, меѓу кои и Тоше Проески, Мизар, Архангел, Меморија, Анастасија, Дарио, Верица Пандиловска, Силви бенд, „Фрајле“ и Алка Вуица.

Неговите пријатели и соработници се простуваат од него со објави на социјалните мрежи.

Погребот на Поп-Симонов ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел од 11:30 часот.
Тоше Поп Симонов беше дел од тимот што ја создал легендарната песна ,,На Велигден сум се заљубил”.

,,Првпат „На Велигден“ е снимена во февруари 1990 година, во студиото на Тоше Поп Симонов, кој го направи аранжманот, а текстот и музиката ги напишав јас”, раскажа во една прилика авторот на музиката и текстот на еден од најголемиот македонски хит Џина Папас Џокси.

За жал Поп Симонов не доживеа уште еден ден Велигден во кој ќе уживаше во песната во чие создавање учествуваше.

Поврзана содржина

Го издаваат очите, и солзите во нив… Потресно збогум за неговиот близок

Не лути се ама ќе го објавам последниот разговор – Култниот Драган Б. Костиќ со траорна последна порака до легендарниот Тоше Поп Симонов