IN MEMORIAM: Почина великанот на македонскиот туризам

Почина великанот на македонскиот туризам, Славе Сирачевски, сопственик на туристичката агенција “Аурора Турс”.



Сирачевски беше идеен творец и сопственик на еден од најубавите планински хотелски објекти во Македонија, “Аурора Берово”.

Во текот на долгогодишната кариера во туризмот, преку сопствени инвестиции и идеи Сирачевски учествуваше и во развивање на руралниот туризам и угостителство.

Сирачески за своите дела во македонскиот туризам пред 2 години а по повод 27-ми септември- Светскиот ден на туризмот од Министерството за економија доби признание за животно дело во оваа област.