In Memoriam: Последен поздрав до екс претседател на Македонија

Во Скопје на 93 годишна возраст почина Владимир Митков македонски професор, политичар, општественик и претседател на Претседателството на СР Македонија.



Функцијата прв човек на државата како шеф на колективното претседателство на Социјалистичка Република Македонија ја вршел од Април 1990 до Јануари 1991 година.

Митков бил професор на Правниот факултет во Скопје. Од март 1983 до 1986 бил уставен судија во Уставниот суд на Македонија, а во периодот од 1984 до 1986 година и негов претседател.

Со смртта на проф.д-р Владимир Митков, загубивме драг и почитуван колега, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог.

Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.

Посмртните останки на проф.д-р Владимир Митков ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 27.07.2024 година (сабота) од 10 – 11 часот”, пишува во последниот поздрав до Митко од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.