IN MEMORIAM: Замина една од најголемите охридски легенди

По кратко боледување во вечноста замина една од најголемите охридски легенди, спортист, стопанственик и хуманист Симон Ѓурче.



Варошанецот Симон Ѓурче, еден од најпочитуваните Охриѓани пошироката македонска јавност го знае по тоа што од својата седма година скока по светиот крст за Водици.

Од далечната 1948 па до Јануари 2022 година секоја година Симон Ѓурче се капел во студените езерски води за Водици.

Ѓурче на Водици во Охридското езеро традиционално по крстот скокаше со свечено одело и тоа по чинот на осветување и вадење на светиот крст од среќниот фаќач.

И покрај капењето во студените езерски води со ниски зимски температури, во своето 74-годишно искуство за Водици никогаш не настинал, не се разболел.

,,Водици е еден од најсветите наши празници. Седумдесет и четири години се фрлам во водите на Охридското Езеро на 19 јануари. Од седум години почнав. Тоа ни е традиција. Од кога израснав и се оформив како возрасен човек не сум се фрлал и не сум се пријавувал за фаќање на светиот крст, но секогаш сум учествувал. Го немам фатено никогаш. Сум бил многу блиску, но не сум го фатил. Важно е капењето, славата, веселбите…. секогаш сум учествувал, со посебен жар истакнува”, изјавуваше Ѓурче за македонските медиуми.

Најчитани статии

Германско судско злосторство врз три македонски детски души и мајката

Три македончиња однесени на непозната локација – Македонка минала 21 ден во притвор во Германија по пријава од осуден сопруг со психички проблеми