Денеска во Скопје починал професионалниот бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски познат како Мирче.
Веста за смртта на популарниот фитнес тренер ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо.
„Сè ште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу работи недокажани.
Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар.
Мирче мој, вечна ти слава“, објави Панчо.





