IN MEMORIAM: Замина еден од најдобрите македонски фитнес тренери и ,,боди билдер”

Денеска во Скопје починал професионалниот бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски познат како Мирче.



Веста за смртта на популарниот фитнес тренер ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо.

„Сè ште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу работи недокажани.

Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар.

Мирче мој, вечна ти слава“, објави Панчо.