IN MEMORIAM: Замина еден од најголемите модерни борци за македонската кауза

Бугарските националисти се обидоа да го присвојат како Бугарин а тој објавуваше книги за фалсификатите на бугарската историографија.



,,✟ Со голема тага Ве известуваме дека вчера на 14 јуни 2025, почина Доцент Доктор Георги Радулов – Радуле.

🙏 Бог да го благослови. Амин!
Од твоите македонски соборци”, објави партијата на Македонците во Бугарија ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН.

Доцент д-р Георги Радуле е роден во 1942 година во селото Кремен, Пиринскиот дел на Македонија. По завршувањето на основното училиште во родното село, средното образование го продолжил во Банско. Има завршено два технички факултети, на два различни универзитети, и има објавено неколку учебници за техничките училишта. Работешр како професор на Рударско-геолошкиот универзитет во Софија.

П
Доц. д-р. Георги Радуле
Независно од неговата професионална ангажираност, со години ја проучувал историјата на својот македонски народ.

Како резултат на неговата истражувачка работа во 1997 година во Софија беше објавена книгата “Историја на Македонија – апологија на македонизмот“.

Оваа книга ја претставува комплетната историја на македонскиот народ, од антиката до средината на 20 век, и таа е првата книга од ваков вид објавена во Бугарија и на бугарски јазик. Поради отворено искажаните ставови за одбрана на засебниот македонски национален идентитет, авторот и книгата предизвикаа бурни реакции во Бугарија, и беа цел на бројни критики и притисоци.

Од книгите на историска тема ги има објавено уште: “Кремен – минато и наследство“ и “Кој ја фалсификува историјата?“.