На преименувањето на чаирските училишта „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ и „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“ реагира и професорката Мирјана Најчевска со „конструктивен“ предлог.
„Јас мислам дека не треба воопшто да има имиња на училишта, туку да има бројка/општина со која ќе се идентификува училиштето. Сè друго е само извор на конфликти и основа за нови бесмислени пазари“, коментира на Твитер претседателката на Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија од 2001 до 2007 година и учесник во т.н. Шарена револуција, под чиј профил на социјалната мрежа стои „И боговите лично остануваат неми пред глупоста“.





