Повеќе од 4.000 доверливи документи со искази и податоци за сведоците на Специјалното обвинителство за Косово се однесени во канцеларијата на ветераните на ОВК.



Документите се доставен до воените ветерани во понеделникот од лице кое, маскирано со капа и очила за сонце, е снимено од безбедносните камери како носи голем пакет.

На прашањата на Танјуг за изнесувањето на документите од просториите на обвинителството одговараат дека нема ниту да потврдат ниту да ги демантираат информациите. И притоа нема потврда ниту за автентичноста на документацијата.

Косовската „Газета експрес“ дека сепак претставници на Специјалното обвинителство дошле во просториите на ветераните на ОВК и зеле копии од документите.

Приштинскиот адвокат Том Гаши, кој одблиску ги следи постапките кои што ги спроведува Специјалното обвинителство, вели дека овој настан може да има многу ризични правни последици за сведоците.

„Мислам дека би можеле да настанат многу ризични правни последици за сведоците и за останатите доколку нивните имиња се објават“. МКД.МК

https://youtu.be/bGuVvhIdhcU