Родители во Газа ги пишуваат имињата на нивните деца на нивните нозе и стомакот, загрижени дека „сè може да се случи“ и за да можат потоа да бидат идентификувани, изјави за Си-Ен-Ен д-р Абдул Рахман Ал Масри, шеф на одделот за итни случаи на болницата Ал-Акса.



Тој рече дека родителите се загрижени дека никој нема да може да ги идентификува нивните деца.

„Ова значи дека тие чувствуваат дека се цел во секој момент и дека можат да бидат повредени“, додаде Ал Масри.

Црното мастило е мал знак на стравот и очајот што го чувствуваат родителите во густо населената енклава додека Израел продолжува да ја удира со немилосрдни воздушни напади како одмазда за нападите на Хамас на 7 октомври.

Си-Ен-Ен пишува дека на телата на три деца во мртовечницата во болницата во Газа, едната нога од нивните панталони била поткрената за да се открие името напишано со црно мастило…