Од Пошта на Македонија истакнуваат дека не стојат зад објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари и апелираат граѓаните да бидат внимателни.



„Повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа фејсбук.

Се работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки.

Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на С. Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден.

Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Северна Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница“, се наведува во соопштението на Пошта на веб страницата.

-Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk, укажуваат од Пошта.