Името ми е друго а не сум ни претседател на Украина, шефот на ,,Врховната Рада” демантира функционерка на СДСМ

Откако пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска во објава на Фејсбук му го згреши името на спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук и именуваше за претседател на Украина реагира шефот на Врховната Рада.



Стефанчук демантира дека се вика Олександар Турчинов и ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија.

Поврзани вести

Исцрпувачка битка за автор на најголемиот гаф во СДСМ, конкуренцијата е жестока

,,Бисерот” на Калевска Ванчева ја засени и министерката Бисера