Имери: Отворени листи на избори, за да не се избираат пратеници и ексфункционери обвинувани за кражба и злоупотреба!

„Не можеме да имаме кредибилни ветувања во реформата и функционирањето на правната држава без ОТВОРЕНИ ЛИСТИ НА ИЗБОРИ!“ – вели политичкиот аналитичар Амир Имери во својата колумна со наслов „Кој го блокира концептот на отворен избирачки список?!!“, која, информативната агенција на албански јазик ИНА, невообичаено, ја објави и на албански и на македонски јазик на својот интернет – портал.



Имери пишува:
„Предлогот за именување и унапредување поранешни функционери на високи државни функции, кои се, инаку, обвинети за кражба и злоупотреба на службената положба, го докажува ниското рамниште на владеење на правото во Македонија!!!“
„Албанските и македонските партии во Mакедонија ја нашле потребната удобност да ги спроведат овие унапредувања како резултат на партиските / политичките пресметки, без да му овозможат на народот да избира поединци со отворени листи, кои ќе ги застапуваат достоинствено интересите на граѓаните!“
„Изборот на пратеници со отворени листи е главната пречка за инкриминација на поединци во политичките партии и за нивно унапредување на високи државни функции!!“
„Не смееме да молчиме, или да бидеме со скрстени раце, се додека политичките партии не ја прифатат отворената листа за пратеници!“
„Отворената листа им овозможува на партиите и граѓаните да изберат заслужни луѓе, а не неморални, непрофесионални и недостоинствени поединци. Не можеме да имаме кредибилни ветувања во реформата и функционирањето на правната држава без ОТВОРЕНИ ЛИСТИ НА ИЗБОРИ!“ – заклучува Амир Имери во својата колумна.