„Јас имам само едно хоби, а тоа е возењето мотор. Така го минувам денот недела кој е ден за одмор. На тој начин ги полнам батериите,“ одговори Зоран Заев на новинарско прашање дали чувствува одговорност за тоа што во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет, тој и министерот за здравство Венко Филипче возат мотори.
„Секој човек заслужува да се одмори. Целосно ги почитувам сите мерки, а иако имам дозвола за движење за време на полициски час, јас тоа право не го користам.
Викендов направивме една убава турнеја со моторите. И не се кријам“, рече Заев.






