Шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал-мајор Кирило Буданов, утврдил дека рускиот претседател Владимир Путин можеби има тројца двојници.
Тоа се луѓе кои биле подложени на пластична операција за да личат што повеќе на него.



Буданов смета дека овие двојници се особено во игра сега, додека Путин ја губи контролата во Кремљ и додека се шират вести дека боледува од Паркинсонова болест и можеби има рак.

Во интервју за „Мејл он сандеј“, Буданов рече дека украинските тајни служби ги откриле двојниците на Путин кои го менувале во неколку „посебни прилики“ во минатото, но дека овие замени сега станале „вообичаена практика“.

„Конкретно знаеме за три лица кои постојано се појавуваат на негово место, но не знаеме точно колку се вкупно.
Вистинскиот Путин можеби веќе и не постои постои“, рече Буданов.