Скопјанец кој имал заштеда од над 7 милиони евра на сметка во Еуростандард банка, избезумено ја примил веста дента кога Народна банка ја објави информацијата за пропаѓањето на банката и со денови чекал пред седиштето на истата. неофицијално дознава 24 инфо од извори од банката.
Драма се случувала кога дознал дека од Фондот за осигурување на депозити ќе добие само 30.000 евра, а за останатата сума може да достави барање да му биде исплатена од стечајната маса се разбира ако има пари, пишува порталот.
„Депонентите-физички лица коишто имаат депозити во „Еуростандард банка“ АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.
Своето право за целосно намирување до висина на вкупниот депозит (разликата меѓу вкупниот износ на депозитот и пресметаниот износ на обесштетување) ќе може да го остварат од стечајната маса на „Еуростандард банка“ АД Скопје“, велат во Народна банка за 24 инфо.






