Македонската фудбалска репрезентација обезбеди место во баражот за Светското првенство во Катар идната година. Од вкупно 12 репрезентации кои ќе играат во баражот, нашата репрезентација е осамена на дното на табелата, бидејќи вкупната вредност на нашите фудбалери се проценува „само“ на 49 милиони евра.
Селекцијата на Португалија е на врвот на табелата со вредност од 774 милиони евра, а тоа значи дека Португалците имаат за 15 пати повредна селекција од нашата.
На второто место е репрезентацијата на Италија, која вреди 663.5 милиони евра, а на третото е селекцијата на Полска со вредност од 293.3 милиони евра. Потоа следуваат селекциите на Турција (272.8), Шкотска (257.5), Шведска (202.9), Украина (187.8), Русија (153.3), Велс (144), Австрија (121.7), Чешка (117.8) и Македонија (49).





