„Има таков народ“ сака да прави нова бугарска влада

изјави дека на земјата не и се потребни предвремени избори, и дека тие дури и се опасни во моментов. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Митева смета дека



„Има таков народ“ треба да се обиде да формира нова влада, откако лидерот Слави Трифонов вчера ги повлече министрите од кабинетот на Кирил Петков, кој пак, најави дека ќе предводи малцинска влада.

ИТН нема да поддржи таква влада соопшти пратеничката од партијата „Има таков народ“ и претседател на двете претходни бугарски народни собранија, Ива Митева, пренесува МИА.

Доколку бугарскиот претседател им го додели третиот мандат, ќе се обидат да го реализираат.

„Има таков народ“ ќе се обидат да направат влада на широка согласност, рече Митева.

Ако нејзината партија сакаше да остане овој премиер, немаше да ги повлечат министрите од неговиот кабинет.

Според неа, ИТН најверојатно нема да ги поддржи министрите што ќе ги предложи премиерот на Бугарија Кирил Петков на местото на повлечените од Слави Трифонов.

Доколку не бидат избрани, смета Митева, Кирил Петков мора или да побара доверба, или да му се побара недоверба на Народното собрание или како трета опција да си поднесе оставка.