Дали се прават злоупотреби со увозот на јаглен за РЕК Осломеј? Според неофицијални информации на ТВ21, компанијата која има договор за снабдување на РЕК Осломеј со јаглен, истиот го набавува од Грција, но во нашата држава го увезува како косовски јаглен. Наводно сето ова се прави поради тоа што е поисплатлива варијанта.
За ова ТВ21 прашале во неколку институции, кои дале не баш усогласени одговори на прашањата.
ТВ21 го прашаа генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, прво имаше забелешки за начинот на кој работиме, односно дека прашањето сме требале да го испратиме преку електронска пошта, а не вака на прес конференција, но потоа одговори и на прашањето.
Но, ТВ21 пред неколку дена испратиле прашање до ЕСМ и во писмена форма. Според одговорот, се вели дека РЕК Осломеј користи јаглен, еден дел од сопствен ископ и дел кој е купен од странство. Компаниите кои увезуваат јаглен надвор од државава, го набавуваат од Косово и Грција.
И денеска на прес конференција, Ковачевски рече дека јаглен е увезен од Грција, а дека од Србија нема увоз.
Но, според податоците на Царинската управа, освен од Косово, јагнел се увезува и од Србија. Според Царина во периодот од март 2021 до февруари 2022, јаглен не е увезен од Грција, туку само од Република Косово и Република Србија.
Извор: ТВ21






