Има ли Заев шанси во вториот круг: Може ли СДСМ да го ублажи поразот?

По катастрофалниот пораз во првиот круг од локалните избори, кога советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ освија 55.000 гласови повеќе од тие на СДСМ, Заев уште веднаш од говорница порача дека пораката на граѓаните е примена и дека веднаш ќе дојде до промена во начинот на кој се водат партиските политики. Премиерот направи и чекор повеќе, најавувајќи оставка од сите функции доколку опозицијата во вториот круг победи во Скопје или, пак, освои поголем број на општини ширум републиката објави Плус инфо.



Сепак, се поставува прашањето колку можат Заев и СДСМ да сторат помеѓу двата круга? Ако се сетиме на првите парламентарни избори одржани по Макeдонија, ВМРО-ДПМНЕ успеа да оствари подoбар резултат во вториот круг и да освои најголем број мандати во Собранието. Многумина сметаат дека клучнен фактор тогаш беше изјавата на режисерот Љубиша Георгиевски, кој на митинг порача дека „ќе им ги исечеме канџите на орлите“, алудирајќи на албанското малцинство во Македонија стои во анализата.

За Владимир Божиновски од Институтот за политичко истражување, изјавата за канџите на Георгиевски и прифатената критика од народот на Заев се дадени во слични ситуации, но се со различен политички бекраунд.
Линк до целиот текст.