Има ли спас за Русковска и Муареми: Снимките доставени до ЈО ќе бидат објавени ако запре истрагата за функционерот на СДСМ

Шефицата на одделот за организиран криминал Вилма Русковска и шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми се наоѓаат во безизлезна ситуација, односно обвинителката ќе мора да оди до крај а првиот ,,Финансиски полицаец” ќе мора да се соочи со правдата.



Ова е ситуацијата откако на површина излегува информацијата дека снимките кои биле основа за прогон на Муареми од Русковска а кои таа ги добила пред да покрене истрага ги имаат повеќе луѓе.

Дел од овие луѓе сега за expres.mk тврдат дека истите ќе ги објават снимките ако Русковска се обиде да се договори со Муареми и луѓето кои стојат зад него, пред се поранешниот премиер Заев и неговата екипа во СДСМ.

Стравот дека Русковска ќе се повлече од прогонот кон Муареми се појави откако на интернет беше објавена снимка на која се слуша дека Русковска во ,,весела” атмосфера признава дека два месеци намерно оставила во притвор обвинет.

Стравот дека случајот ќе се забошоти се зголеми откако по налог на државниот обвинител Јовески е направен увид во предметот на Русковска и таму наводно се пронајдени неправилности, што укажува на можноста за притисок кон обвинителството на Русковска да се откаже од прогон на Муареми кој е висок функционер на СДСМ.

По индициите дека е можна политичка и мафијашка интервенција преку ЈО за да се спаси Муареми, луѓе кои ги имаат снимките кои претходно се доставени на Русковска велат дека ако на било кој начин биде направен обид за прекин на предметот против Муареми тие ќе ги објават снимките.

Постоењето на снимките го потврдува соработник на expres.mk кој лично имал можност да слушне дел од тоа што се случувало во делото кое може да донесе затвор за Муареми и најмалку еден негов соработник.

Снимките кои Русковска ги добила од страна на заинтересирани во предметот сега не се смноменуваат во предметот за ревизија кој го води екипа обвинители по налог на Јовески.

Тоа на луѓето кои се заинтересирани за предметот им дава за право да се сомневаат во намерата за спас на Муареми преку интервенција на политиката во работата на јавното обвинителство.

Ако Русковска запре со истрагата јавноста ќе има можност да слуша катастрофално однесување на државни функционери од СДСМ кои ја злоупотребувале својата функција и законот.

Според правни експерти кои ги консултираше expres.mk материјалот кој го содржат снимките содржат основи и за построги кривични дела кои се само дополнување на членот 353 кој за регулира злоупотребата на службена должност и овластување.

Заинтересираните за случајот очекуваат Јовески добро да размисли и да провери дали во материјалот што го анализирале негови обвинители има снимки кои точно укажуваат за какво кривично дело се работи затоа што ако се обиде да прикрие докази знае што може да очекува за себе од кривичниот законик.

Најчитани вести

Да не заборава што кажал и да не ги обвинува тие што ги ставил во темница за негов гаф

Пратеник со ,,воспитна” до Пендаровски: Сокријте се и молчете