Има ли сила Ковачевски да го казни Османи за кршење на законот

Има ли премиерот сила да го намали тешкиот срам што на меѓудржавна средба со шпанскиот колега неговиот министер Бујар Османи го користи албанскиот јазик спроти во на уставот.



Ковачевски молчи за барањето на опозицијата Османи да биде казнет за свесно кршење на јасниот закон.

Бујар Османи во својство на МНР на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик иако е платен да ја преставува Република Македонија, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

„На прес конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба.

Ова е и кршење на рамковниот договор и Уставот на државата.

Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата?

Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди?

Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам.

Очекуваме и реакција од владата“, велат од партијата.

Ковачевски молчи за реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно затоа што знае дека смена на Османи ќе значи пад на владата и негово заминување од власт.