„Крајно време е Бугарија да има редовна влада, бидејќи во последните две години ние сме во слободен пад“, вели Екатерина Захариева, пратеничка на ГЕРБ и поранешна шефица на дипломатијата на Бугарија во изјава за БНТ.
Вели дека партија ГЕРБ ги поканила сите, направила компромиси и предлози за да се дојде до влада.
„Ајде да направиме влада. Ајде да направиме експертски кабинет. Политичарите се исто така експерти. Кога си експерт, но немаш политичка поддршка, не можеш ништо да направиш“.
Да постестиме, кандидатката за премиер Марија Габриел утре на претседателот Румен Радев ќе му го предаде предлогот за состав на влада.
Според бугарски медиуми, 13-15 министерски места ќе добие партијата ГЕРБ, 3-4 места ДПС и 2 на „Има таков Народ“.
Профилот на министрите ќе биде професионален, и најверојатно во идната влада нема да влезе ниеден кој претходно бил во владите на Герб, односно Бојко Борисов.
Останува нејасно дали предлогхот за влада на Марија Габриел ќе добие поддршка во Народното собрание бидејќи засега може да се надева на 116 гласа „за“.
Продолжуваме со промената и другиоте парттии се изјаснија дека нема дфа подржат новата влада што во моментов значи дека 124 пратеници би гласале против „против“.






