Во интервју за Франс прес, македонскиот премиер Зоран Заев, ја спомнал контроверзна иницијатива двете земји да разменат споменици на културата.



Во пресрет официјална посета на премиерот Алексис Ципрас во Скопје, Заев агенцијата рекол дека постои иницијатива за „институционална размена на споменици, слична на размена на подароци меѓу пријатели“, пренесува грчки медиум.

Неодамна министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба, неодамна демантираше дека предложила размена на скулптурата „Тркач“ која се наоѓа пред атинскиот хотел „Хилтон“ за споменикот „Воин на коњ“  во Скопје, идеја што предизвика бура во грччката јавност.

Официјална Атина и властите во Скопје демантираа било каква трампа.

Авторот на „Тркачот“ Костас Вароцос беше навреден од предлогот што го доби, а уште повеќе по негирањето на министерката ека дала таква понуда.

Статуата е во сопственост на Општина Атина, а уметникот ги задржува правата на интелектуална сопственост, пишува In.gr.