Со месеци во италијанското бродоградилиште во Марина ди Карари е закотвена мистериозна суперјахта долга 140 метри на шест ката, објави „Гардијан“.



„Шехерезада“, наводно вредна 630 милиони евра, е под истрага од италијанските власти поради потенцијални врски со санкционираните Руси.

Во понеделникот, истражувачката новинарка Марија Певчих и активистот за борба против корупцијата Георги Албуров рекоа дека сите членови на екипажот биле Руси, освен капетанот.

Во видеото објавено на YouTube, тие тврдат дека дел од персоналот на јахтата работел за Руската Федерална заштитна служба (ФСБ), агенција која управува со безбедноста на високи функционери, вклучително и Путин.

На почетокот на март, италијанската полиција заплени јахта во сопственост на Алексеј Мордашов, најбогатиот човек во Русија кој се најде на црната листа на Европската унија, и друга во сопственост на Генадиј Тимченко, милијардер со блиски врски со Путин.