Има ли полициски службеници меѓу уапсените во акцијата на Русковска

Меѓу дваесетината лица кои од рано изутрина се осомничени или се апсат на повеќе локации во скопско има и полициски службеници, тврдат извори во истрагата но засега нема официјална потврда за апсење на луѓе кои требало да го спроведуваат законот.



Доколку се потврди дека меѓу уапсените се и полициски службеници тоа ќе биде уште еден сериозен удар за македонските власти кои во своите редови во полицијата толерирале соработници на наркомафијата.

Јавната обвинителка Русковска тврди дека нема уапсени полициски службеници но не исклучува дека по проверката на одземените телефони може да има овластени службени лица.

Русковска за големата акција: Нема осомничени полицајци, засега

Во акцијата која ја води ЈО со асистенција на МВР досега според полуофицијални брифинзи за медиумите се уапсени членови на групи кои работеле со дрога.

Неофицијално се работи за најмалку две од групите кои владеат со македонскиот пазар на скапи дроги.

Во акција на Јавното обвинителство специјалци апсат криминалци во скопски населби