Министерот за здравство има над 2,5 илјади реакции и над 800 коментари на постот на Фејсбук во кој ја обвинува опозицијата дека спречува набавка на вакцини.
Дел од коментарите се позитивни за него и тој добива поддршка.
Но најголем дел од реакциите и тоа од луѓе кои што немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ се крајно негативни за Филипче.
Дел од нив не се ја јавна презентација.
“Министре на “нашата земја” – отсек коо баајаги здравство. Прво, конците ви ги замрсија Италијанските новинари и тужете ги нив. Второ, со кој памет и која докторска етика се влегува на сред операција глумеејќи го Били Кид таму. Трето, вишокот органи што ги вадите при операција на Ваш персонал-каде се ? Четврто, “где су паре” министер-че, а. Помош за вклучените во борба со ковид-пандемијата земаа цела “подобна” администрација, и дел од медицинскиот кадар. Барем да се одважеше за една проста ревизија да направиш, онака, ко минисер-че. Па Наши пари делите на портири, телефонисти, правници, економисти,секретарки, референти и други “директно” вклучени во борбата. И резилот го поминавте. Незнам дали има подоле од тоа”, пишува еден граѓанин кој на почетокот на коронакризата го поддржувал министерот.
Останатите коментари поради кои нормален човек би се запрашал дали воопшто вреди да се врши министерската функција ако толку многу нормални граѓани ве критикуваат, може да се прочитаат во постот на ФБ:
https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2640762889564061/
Слично е и на Твитер каде коментарите се помалку но допираат “до коска”.
Kовид состојба 14.03.2021
Новозаразени: 541
Тестирани: 2.789
Оздравени: 521
Починати: 19Вкупно дијагностицирани: 112.646
Вкупно оздравени: 97.687
Вкупно починати: 3.319
Активни случаи: 11.640 pic.twitter.com/mE7O4jztTT— Венко Филипче (@VFilipche) March 14, 2021






