Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ не занае дали во македонскиот парламент ќе има двотретинско мнозинство за отворање и промена на Уставот со внесување на Бугарите како еден од условите за започнување на преговорите асо ЕУ.



Дали има двотретинско мнозинство за уставни измени

„Ние ќе се потрудиме и ќе направиме се оваа година, до крајот на скринингот, да ја завршиме обврската од Преговарачката рамка и со двотретинско мнозинство да го смениме Уставот и да внесеме неколку заедници во него, а дали ќе имаме двотретинско мнозинство е „прашање од милион долари“ на кое во моментов немам одговор, изјави денеска од Брисел вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Според него идеално сценарио е собраниската процедура за уставните измени да започне пред летото, некаде во јуни, за да може да се спроведе инклузивна постапка со експерти и опозицијата.

Тој очекува во наредните две до три недели да се формулираат уставните амандмани во Министерството за правда и додава дека веќе е повикана опозицијата да учествува во овој процес.

Тој нагласи дека по нивното формулирање ќе следи јавна расправа на која ќе се дискутира по тие амандмани во нивната суштина, пред се во однос на нивното значењето, надвор од самото внесување на неколку заедници во Уставот, по што веднаш се очекува тие да влезат во собраниска процедура.