Има ли нов случај ,,Пајак” и претепување на полицаец?

Граѓани на социјални мрежи тврдат дека пред два дена во Тетово е претепан полицаец откако асистирал на пајак службата при одземање на погрешно паркирано возило.



Во билтенот на МВР ваков случај не е објавен.

Слични ситуации со напади на полицајци имаше и лани во Скопје и Струга кога беа нападнати полициски службеници.

За нападот во Струга и тогаш МВР не објави во својот дневен билтен но призна дека инцидентот се случил.

За инцидентот во Тетово за кој сега зборуваат граѓаните засега нема никаква потврда од МВР.