Еден од најпопуларните и најдолго присутните водители на вечерни шоуа на американските телевизии Конан О’Брајан открива кој ќе ја добие Нобеловата награда за мир за 2019 година.
Со назнака “Breaking” (Вонредна вест) О’Брајан вели дека: “Оваа година Нобеловата награда за мир оди за лидерот кој убил најмалку луѓе”.

Изјавите на О’Брајан кој е новинар, водител и комичар можат да се толкуваат како најава за темата на неговата следна емисија, како шега но и како сериозна информација.
На социјалните медиуми веќе неколку месеци се зборува за желбата на американскиот претседател Трамп да ја добие наградата која предходно ја доби и Барак Обама.
Ексамбасадорот Нано Ружин чиј син стана советник на премиерот лани ги предложи Зоран Заев и Алексис Ципрас за добитници на престижната награда воспоставена од Алфред Нобел, изумителот на динамитот.
Досега во јавноста немало информација дека Заев и Ципрас се поврзани со физички убиства но тоа не е гаранција дека информацијата на О’Брајан важи и за нив.
Емисијата на Конан О’Брајан сега се емитува на американската кабелска ТБС телевизија.




