Има ли мафијаш што не е близок со македонски политичар

Има ли мафијаши што не се блиски со македонски политичари на висока позиција прашува хрватскиот аналитичар и новинар Иван Бродиќ.



По случаите Мафија и Планина од кои произлегоа многу фотографии и видеа на кои се гледа дека многу криминалци биле сликани со највисоки државни функционери во Македонија хрватскиот аналитичар се прашува дали има и такви криминалци кои не се блиски со македонски политичари.

“Каква е оваа ситуација. Има ли барем еден мафијаш во Македонија кој не е куќен пријател со некој високо позициониран политичар”, пишува Бродиќ кој иронично го користи хаштагот #PitamZaRodjaka #ПрашувамЗаРодина

Пред неколку дена меѓународниот мафијаш од Турција Пекер рече дека бил близок со премиерот Заев и дека бил кај него дома што владата го демантираше.