Има ли крај на гафовите – Ковачевски преименувал и авторка на култна македонска книга (ВИДЕО)

Додека јавноста цел ден гледа сеир со првиот гаф на премиерот кој покојниот писател Видое Подгорец го преименува во Видео малкумина забележаа дека Ковачевски во истиот говор навредил уште еден човек.



При набројувањето на заслужните ликови од македонската литература Ковачевски ја преименувал и писателката Оливера Николова која е најпозната по својата култна книга за деца ,,Зоки Поки”.

Наместо Николова премиерот ја нарекува Николовска авторката која е родена во далечната 1936 година.

Како е можно Ковачевски да не знае како се вика авторката на една од најчитаните македонски книги не е јасно.

Инаку Видое Подгорец и Оливера Николова чии имиња денеска беа згрешени на денот на Македонскиот јазик од страна на премиерот и неговиот кабинет кој му го пишувал говорот, во голем дел од своите кариери соработувале на проекти на Македонската Радио Телевизија.

Видеото во кој го има и вториот гаф на Ковачевски на крајот на текстот од овој линк во кој Горан Момироски ја анализира навидум малата грешка на премиерот:

Ковачевски „је..ло те видео“, чекаме извинување – Пишува Горан Момироски (ВИДЕО)

Поврзана вест

Најновиот гаф на премиерот Ковачевски (ВИДЕО + ВИДОЕ)