Собраниските служби добиле налог за утре во 14 часот да закажат седница на Собранието.
Според извори со Собранието собраниските служби веќе ја организираат салата и протоколот.
Според најавите главна точка на утрешната седница е избор на Претседател на Собранието за што се известени сите координатори на пратенички групи.
Најавата за седница на која ќе се избира парламентарен спикер би можело да значи дека СДСМ и ДУИ веќе постигнале договор за шеф на парламентот но и за иден премиер.
Доколку спикерското место го добие СДСМ тогаш извесно е дека премиерот ќе биде од редовите на ДУИ и обратно, доколку спикерот е од ДУИ тогаш Заев или некој друг од СДСМ би седнал на премиерката функција.
Предходно Пендаровски најави дека ќе го даде мандатот за нова влада на Заев а екс спикерот Џафери врати дека тоа е неуставно затоа што Собранието не е конституирано.





