Има и повредени во драмата во полициски час во Кочани

Вистинска драма среде полициски час се случува во Кочани јавува порталот Инфомакс кој објави информации за вооружен конфликт и неколкумина повредени.



Според порталот пукањето се случило откако локалното население ја зело „правдата“ во свои раце.

Веќе подолго време има тензии помеѓу месност Трајаново Трло и Усова чешма каде едни покрај други живеат припадници на различно население според етничка припадност.

Локалното население повеќе пати барало заштита од локалната полиција поради се почестите кражби од страна на соседското население при што доаѓало до тензии.

Ситуацијата ескалирала денеска откако граѓанин бил фатен на лице место како краде за време на полицискиот час. После настанот фатњниот се вратил со повеќе лица назад на местото на кражбата со цел да се пресмета со локалното население. Напаѓачите со себе носеле хебли, палки и секира со цел да се пресметаат со населението кое го фатило крадецот, јавува Инфомакс.

Повеќе детали на овој линк