Им требаат пари – нема укинување на апанажата за функционерите

Законот за изманување на Законот за плата на избрани и именувани лица не помина во Собранието денеска попладне. Предлогот на Левица значеше укинување на апанажите за пратениците и за избраните владини функционери откако ќе им престане функцијата,



16 пратеници гласаа „за“, а против беа 13 пратеници, воздржани немаше. Со тоа предлогот на пратениците од Левица не е усвоен.

– Што правиме со тие функционери што не се милионери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако тој беше еден од пратениците кои гласаа против.

Идејата на овој предлог на „Левица“ беше функционерите да не бидат во повластена положба во однос на другите работници во државата.