Герила акција ја пречека владината делегација во Куманово на одбележувањето 81 година од почетокот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.
„Им се поклонувате, а ги продадовте. Коските им се превртуваат!“ и „Премиере, за што пукна првата пушка“ беа дел од транспарентите низ градот-херој што ѝ посакаа добредојде на владината свита на чело со премиерот Димитар Ковачевски.






