Им преседна увозот на жито без царина од Украина!


Шефовите на државите на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка испратија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во кое бараат
мерки за спротивставување на негативните ефекти од зголемениот увоз на земјоделски производи од Украина во овие земји.



Во меѓувреме, денеска, повеќе од 50 производители на жито од Дупница, Сапарева Бања и Бобов Дол излегоа со своите машини во знак на протест против увозот на евтина пченица од Украина во Бугарија. Според земјоделците, доколку продолжи увозот, ќе има одбивање на нивното производство и масовни банкротства, пренесе БНТ.

Споменатите претседатели, посочуваат дека најсериозни потешкотии поради значителното зголемување на понудата на земјоделски производи се забележани токму во земјите кои граничат со Украина или се во нејзина непосредна близина.

Петте земји бараат од ЕК да ја анализира можноста за (от)купување на вишокот жито од соседните земји-членки на Украина за хуманитарни цели.

Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка сакаат ЕУ да ја задржи способноста да реагира на нефер практики на увозот од Украина на поример во форма на зголемен мониторинг или можност да покрене антидампинг процедури.

Мора ефикасно да се реши и проблемот со преголеми количини стоки кои остануваат на територијата на земјите-членки…

Претседателите на петте европски земји ја повикуваат ЕК да ги спроведе соодветните процедури за повторно воведување давачки и тарифни квоти за увоз од Украина.Њуз.бг

hemp sacks containing rice