Денеска на патот Дебар-Струга во близина на селата Модрич и Дренок се случи предупредувачки протест на кој граѓани се побунија против штетата што со години ја трпат врз нивниот имот.

“Повеќе од 40 години години се врши експлоатација на шумата во Модрич и Дренок од Шумското стопанство во Дебар кое го користи патот изграден од селаните на овие две села кој што сега е уништен а не учествува во негова поправка”, беше кажано на протестот на кој е најавено дека Шумското стопанство веќе не може да ко користи патот кој е изграден од селаните.

Демонстрантите побараа да ги добиваат трите проценти од доходот што Шумското стопанство го добива со сечење шума во атарот на нивните села.

По патот за кој жителите месечно даваат стотици евра секојднебно минуваат камиони од 35 тони кои целосно го руинираат а никој не го обновува.

Посебен проблем на демонстрантите се огромниот број кражби во куќите од Модрич и Дренок, случаи од кои ниту еден не е решен од страна на полицијата иако сите знаат кои се крадците.
Протестантите бараат да се обнови полициската станица во селото Луково затоа што од кога таа е укината драматично е зголемен бројот на кражби.

Во овој регион има два рибници кои плаќаат давачки кон државата но кои поради неконтролираната сеча на дрва може да останат без вода, предупредуваат луѓето од Дренок и Модрич.

Тие најавуваат дека доколку МВР, Шумското стопанство и државата не преземат соодветни мерки согласно нивните барања на следниот протест ќе го блокираат целосно и на подолго време регионалниот пат Струга – Дебар.
Видеото од протестот на овој линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10226011081446415&id=1317270620






