Илона Захариева од Италија: Лупевска да ѝ се извини на дијаспората

Македонската активистка од Италија, Илона Захариева, бара од новинарката Снежана Лупевска Созен да ѝ се извини на дијаспората за реакцијата по гласањето на „Евросонг“.



„Снежана Лупевска Созен да ѝ се извини на дијаспората за изјавата. 
Со оглед на тоа дека ‘Евровизија’ не е политички настан (или, пак е, со оглед дека се обиде да ја промовира новата држава и новиот северномакедонски народ), туку музички настан, не е задолжително да се гласа за некој што има ‘слично’ потекло. Споредбата на гласање на избори на дијаспората и гласање на ваков настан е неиздржана, или, пак, за платеници како Лупевска тоа е едно исто. Може само да кажеме браво за новата творба штом секој се дрзнува да прави закони и да ‘брише’ неистомисленици. 
Едноумието не е својствено за нас од дијаспората.
Единственото нешто што секогаш нè обединувало е Македонија.
Патем, за Тоше не беа толку ревносни северџаниве“, напиша на својот профил на Фејсбук претседателката на македонското здружение „Камен мост“ од Канели.